МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СТРАТЕШКИ ИЗБОР Гради почиста, позелена и попросперитетна иднина

Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство во реализирањето на програмската рамка меѓу Сида и УНДП помогнало да изградиме посилни институции, да развиеме иновативни решенија и да ги забрзаме реформите кои носат реални придобивки за нашите граѓани.

118

Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани, истакна министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска состанокот на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка помеѓу Сида и УНДП.

Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство во реализирањето на програмската рамка меѓу Сида и УНДП помогнало да изградиме посилни институции, да развиеме иновативни решенија и да ги забрзаме реформите кои носат реални придобивки за нашите граѓани.






– Владата останува цврсто посветена за резултатите постигнати преку овие напори да станат дел од нашите долгорочни национални политики. Заедно, не само што се справуваме со денешните предизвици — туку градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија – рече министерката Божиновска.

Министерката посочи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја става зелената транзиција во центарот на својата агенда.

– Го забрзуваме инвестирањето во обновливи извори на енергија, ги унапредуваме мерките за енергетска ефикасност и создаваме услови за постепена декарбонизација на нашата економија.Но, зелената транзиција мора да донесе видливи придобивки за луѓето. Чистата енергија значи почист воздух. Тоа значи пониски емисии, поздрави заедници и модерни општини кои се подобро подготвени да привлекуваат инвестиции и да создаваат можности за локален развој- нагласи Божиновска.

Програмската рамка Сида–УНДП, како што рече министерката Божиновска, е од особена важност бидејќи ги поврзува националните приоритети со локалната акција и им помага на институциите да преминат од планирање кон имплементација, покажувајќи дека одржливи решенија се можни кога владите, општините, развојните партнери и граѓаните работат заедно.

Поврзани содржини