ТРИ ТЕХНОЛОШКИ ГИГАНТИ НА СУД ПОРАДИ СИСТЕМОТ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ШЕНГЕН Конзорциумот не го испорачал навреме системот

Агенцијата EU-Lisa, поради повеќекратните доцнења на конзорциумот во испораката на системот, ги активирала достапните договорни и правни механизми за заштита на своите финансиски интереси. 

1

Европската Унија покрена судска постапка против американскиот технолошки гигант IBM и две други компании одговорни за развојот и одржувањето на новиот систем за контрола на влез во ЕУ, кој се соочи со бројни технички проблеми и долги чекања на границите од неговото спроведување.

Тужбата е поднесена уште минатата година од агенцијата EU-Lisa, задолжена за управување со големи информациски системи во областа на безбедноста и правдата, а за неа се дознава од најновиот годишен финансиски извештај на агенцијата.






Во него се наведува дека EU-Lisa, поради повеќекратните доцнења на конзорциумот во испораката на системот, ги активирала достапните договорни и правни механизми за заштита на своите финансиски интереси.

Покрај IBM, во постапката се вклучени и француската ИТ компанија Atos и италијанската одбранбена компанија Leonardo. Сите три компании беа членови на конзорциумот одговорен за имплементација и одржување на системот за влез и излез од ЕУ (EES).

Системот EES започна да се имплементира во октомври 2025 година, но неговото воведување беше проследено со бројни тешкотии. Аеродромите пријавија дефекти во терминалите за автоматска регистрација на патници и чести прекини на системот. Поради ова, редици се формираа во периодите на шпиц во сообраќајот, а времето на чекање на некои места достигна три часа. Некои патници дури и ги пропуштија своите летови поради доцнења на граничните контроли. Проблемите дополнително беа поврзани со недостатокот на персонал на граничните премини.

Агенцијата EU-Lisa соопшти дека судската постапка се однесува на фазата на развој на системот и дека тоа не влијае на неговото тековно работење. Тие додадоа дека EES е целосно оперативен. Европската комисија потврди дека не е страна во постапката, посочувајќи дека спорот се однесува на доцнења во текот на развојот на системот, а не на неговата тековно спроведување.

EES беше воведен со цел да се зајакне контролата на патниците кои доаѓаат во Шенген зоната од земји надвор од Шенген зоната. Наместо претходното рачно евидентирање на влезовите и излезите, системот собира биометриски податоци на патниците – фотографии од лица и отпечатоци од прсти.

Контролите се однесуваат на граѓани на земји надвор од Шенген зоната (25 членки на Европската Унија и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, а во овој случај ги вклучува граѓаните на Ирска и Кипар).

Поврзани содржини