ПРИФАТЕНИ СЕ БАРАЊАТА НА ВЕТЕРИНАРИТЕ Работна група ќе работи на промена на методологијата за цените на услугите

АХВ соопшти дека биле прифатени и неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса.

2

Работна група составена од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и од Ветеринарната комора ќе работи на анализа врз основа на која ќе се направат и промени на Методологијата за дефинирање на цените на ветеринарните услуги кои не се променети со години, информираа од Aгенцијата по средбата на директорот Јовица Андовски со првите луѓе на Ветеринарната комора.

Токму ниските цени и методологијата на нивното утврдување беше причина за денешниот мирен протест на ветеринарите пред просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство.






Ветеринарите укажаа и на недоволните буџетски средства за здравствена заштита на животните, особено во последните две години, како и на, според нив, несоодветниот институционален третман на професијата.

Тие предупредија дека доцнењето на превентивните мерки го отежнува навременото откривање и спречување на болестите кај животните, што може да има последици врз сточарството, прометот со животни, безбедноста на храната и јавното здравје.

АХВ соопшти дека се прифатени и неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса.

Како што информира директорот на АХВ, во најкус рок ќе продолжи земањето на мострите за лабараториски испитувања согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, а тековно ќе се врши и исплата на обврските за реализираните ветеринарни активности согласно програмите.

Андовски истакна дека АХВ останува отворена за дијалог и соработка секогаш кога постојат отворени прашања со цел да се надминат сите предизвици и да се зајакнат капацитетите на системот и да се обезбеди ефикасна заштита на здравјето на животните и луѓето.

Поврзани содржини