📽️ НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА НА ШАРА, ДВЕ СРНЧИЊА СЕ СТРЧАА КОН ЧУВАРИТЕ Оваа средба на Шар Планина ги трогна сите

Две мали срнчиња беа забележани како се приближуваат кон вработени на Национален парк Шар Планина, во емотивна сцена што потсетува на важноста на заштитата на дивиот свет и природата.

0

Две мали срнчиња имале несекојдневна и емотивна средба со вработените на Национален парк Шар Планина за време на теренска обиколка, во сцена што брзо привлече внимание на јавноста откако беше објавена на официјалната Фејсбук страница на паркот.

Како што информираат од Националниот парк, младенчињата накратко се приближиле кон екипата, најверојатно во потрага по нивната мајка, по што мирно се повлекле назад во шумата.






„Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити“, наведуваат од паркот.

Вработените забележале дека младенчињата биле во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, поради што биле оставени во нивното природно живеалиште.

„Срните беа во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, па затоа беа оставени во нивното природно живеалиште за повторно да се сретнат со мајката“, стои во објавата.

Од Националниот парк упатуваат и апел до посетителите на планината да не интервенираат во вакви ситуации, бидејќи тоа може да им наштети на младите животни.

„Кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе“, апелираат од паркот.

Од таму додаваат дека Шар Планина е дом на бројни диви животински видови и дека природата треба да се остави сама да го следи својот тек.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини