📽️ 📷 ДВА ЗБОРА ЗА КОИ ГОВОРИ ЦЕЛА ПЛАНЕТА Белгијците брутално се потсмеваат на Трамп и ФИФА по триумфот над САД
Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација.
Белгија убедливо ја совлада пречката наречена Соединетите Американски Држави, а веднаш по натпреварот испрати порака што одекна на социјалните мрежи.
Со квалитетна игра селекцијата на Белгија оствари сигурна победа, пред сè казнувајќи ги грешките на домашната репрезентација.
Белгија поведе со голот на Шарл Де Кетелере во 9 минута. Американците изедначија во 31 минута преку Малик Тилман, но осум минути подоцна Де Кетелере повторно и донесе водство на Белгија од 2:1. Во 57 минута Ханс Ванакен зголеми на 3:1, а победата ја потврди Ромелу Лукаку во 90+3 минута.
Белгија во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, која претходно ја совлада Португалија со 1:0. Натпреварот ќе се игра на 10 јули во Лос Анџелес.
„Overturn this“ – „Поништи го ова“
View this post on Instagram
Објавата беше директна алузија на контроверзноста што му претходеше на натпреварот.
Имено, американскиот напаѓач Фоларин Балогун доби директен црвен картон против Босна и Херцеговина и, според правилата, автоматски мораше да го пропушти осминафиналниот натпревар. Сепак, ФИФА го суспендираше извршувањето на казната пред натпреварот и му дозволи да игра против Белгија.
Ваквата одлука предизвика бројни реакции во фудбалската јавност, особено по наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побарал суспензијата на Балогун да се преиспита.
Белгиската фудбалска федерација потоа ја обвини ФИФА за недостаток на транспарентност во донесувањето на одлуката и најави правни мерки.
По убедливата победа, Белгијците не го криеја своето задоволство.
– Секогаш има правда во животот. Мислевме дека она што се случи не е фер, а денес го дадовме нашиот одговор на теренот – рече белгискиот играч од средниот ред, Николас Раскин.
Балогун ги одигра сите 90 минути против Белгија, но не успеа да им помогне на домаќините, додека Белгијците со доминантен настап изборија место меѓу осумте најдобри и испратија јасна порака дека веруваат дека правдата е задоволена на теренот.