ПОГОДЕН ТАНКЕР ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Проектилот не е идентификуван

Ударот предизвикал пожар, но нема повредени, соопшти британската служба, која обезбедува 24-часовен мониторинг и предупредувања за закани и итни случаи на глобалните бродски рути.

0

Неидентификуван проектил погоди танкер во Ормуската Теснина, соопшти синоќа британскиот центар за Поморски безбедносни и трговски операции (УКМТО).

Ударот предизвикал пожар, но нема повредени, соопшти британската служба, која обезбедува 24-часовен мониторинг и предупредувања за закани и итни случаи на глобалните бродски рути.






УКМТО го лоцираше инцидентот на 8 наутички милји (14 километри) источно од Лимах во Оман и издаде препорака до бродовите да минуваат со зголемена претпазливост, пренесе ДПА.

По почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, Техеран во голема мера го блокираше овој витален транспортен коридор преку закани и напади на почетокот на март. САД одговорија со сопствена поморска блокада на бродовите кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

Иран и САД минатиот месец се договорија за привремен прекин на непријателствата и укинување на блокадите, меѓутоа, бродскиот сообраќај низ теснецот и понатаму останува ограничен.

Поврзани содржини