ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ОГНОМЕТОТ Славеле роденден во Градски парк

Полициски службеници на СВР Скопје утврдиле дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот.

840

Две лица кои синоќа славеа роденден со огномет се приведени  и се задржани во полициска станица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што е соопштено по документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.






„Синоќа околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини