ГЕРМАНИЈА ОД 1 ЈАНУАРИ 2027 ГОДИНА ЈА ПОДЗАТВОРА ВРАТАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ Квотата за работни визи е преполовена, но за еден вид работници има предност

Германската влада ја намали квотата за визи за Западен Балкан на 25.000 од 50.000. Колку од нив се планирани за Македонија засега не се знае.

1

Германија од 1 јануари 2027 година ја преполовува квотата за работни визи за Западен Балкан, што ќе им го отежне вработувањето на работниците од Македонија.

Германската влада ја оправда одлуката за намалување на квотата со растот на невработеноста, а тоа предизвика критики од економијата, особено од градежниот сектор, кој учествува со околу 30% во визите издадени во рамките на програмата.

Според одлуката квотата за визи за Западен Балкан се намали на 25.000 од 50.000.

Намалувањето на квотата ќе им го отежни на работниците заминувањето од Македонија, но не е познато точно колку помалку дозволи ќе им бидат достапни на нашите граѓани.

Правилото за Западен Балкан беше еден од најлесните начини за вработување во Германија, бидејќи кандидатот не мора да помине низ долгата постапка за признавање на квалификациите. Доволно е да се добие понуда за работа од работодавач, без да се помине низ прилично долгата и бавна постапка на нострификација на дипломи или повторна евалуација на образованието. За квалификуваните кадри дополнително се добиваат лиценци. Сега процесот на чекање за одобрение и термин во амбасадите ќе биде значително подолг, бидејќи барањата ќе се обработуваат само до пополнување на новиот лимит од 25.000 лица.

Германските градежни компании неодамна остро реагираа на најавеното намалување на квотите бидејќи се плашат дека недостатокот на работници може дополнително да ги забави инфраструктурните проекти. Се проценува дека дури 30% од работниците преку оваа регулатива завршуваат на нивните градилишта.

Покрај во градежништвото во Германија се потребни и голем број кадри од другите професии.

Најновата листа на дефицитарни занимања во Германија вклучува повеќе од 160 дефицитарни професии.

Најбараните професии се поделени во две основни категории: занаетчиски/физички работници (кои најчесто доаѓаат преку „Правилото за Западен Балкан“) и висококвалификувани кадри (кои користат олеснувања преку Сината карта на ЕУ).

Во градежништво и занаетчиство има најголема побарувачка за работници. Ова е клучниот сектор за работниците од Западен Балкан. Германските градилишта и компании буквално зависат од ѕидари, тесари и армирачи. Водоводџии и монтери на парно греење (екстремно барани поради германската транзиција кон обновливи извори на енергија и топлински пумпи). Барани се електричари и електроинсталатер, керамичари, молери и фасадери

Се бараат и  возачи на камиони и на автобуси  за кои е потребна соодветна ЕУ лиценца или признавање на возачката дозвола, потоа магацински работници и ракувачи со виљушкари. Има недостиг и од готвачи, келнери и помошен персонал во кујна.

Посебно се бараат и здравствени работници за кои е задолжително признавање на дипломата (нострификација) и познавање на германски јазик на минимум B1/B2 ниво. тук влегуваат и негуватели на стари лица, медицински сестри и техничари како и лекари од сите специјалности.

За  ИТ сектор и инженерство Германија нуди огромни олеснувања. На пример, ИТ специјалистите можат да добијат работна виза/Сина карта дури и БЕЗ факултетска диплома, доколку имаат најмалку 3 години работно искуство во струката. Оваа индустрија бара софтверски инженери и програмери, администратори на мрежи и ИТ системи и машински и електроинженери.

За професиите со високо образование, може да аплицирате преку патеката за „квалификувани работници“ наместо преку квотата за Западен Балкан.  Ова е огромна предност бидејќи за квалификуваните работници не важи лимитот од 25.000 визи и процедурата во амбасадата оди многу побрзо.

Поврзани содржини