ДОАЃА НЕВРЕМЕ Ќе дува ветер со брзина од 75 километри на час со пороен дожд и грмежи
Територијата на Македонија денеска ќе биде под влијание на циклонска активност која од Џенова ќе пристигне над Македонија и ќе услови денес да биде многу поветровито, односно ќе дува засилен до силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 75 километри на час, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм.
Во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.