ЗАСИЛЕН ВЕТЕР СО ДОЖД И САХАРСКА ПРАШИНА Дождот што ќе паѓа ќе биде со прашина

Поради силното југозападно и западно воздушно струење од Сахара кон територијата на Македонија повторно ќе се врши поголем транспорт на прашина и на песок па атмосферата ќе биде заматена.

902

Во понеделник и во вторник (11-12 мај 2026) ќе дува засилен до повремено силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

По стабилното претпладне со повеќе сончеви периоди, во попладневните часови локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и силен западен ветер. Особено во вторник на 12 мај 2026 локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со електрични празнења и со услови за појава на град.

Поради силното југозападно и западно воздушно струење од Сахара кон територијата на Македонија повторно ќе се врши поголем транспорт на прашина и на песок па атмосферата ќе биде заматена. Дождот што ќе паѓа ќе биде нечист и помешан со прашина.

Прогнозата на метеопрогнозерот Славчо Попоски на следниот линк.

Поврзани содржини