МЛАДИОТ ХРВАТ ГО УРНА ЃОКОВИЌ, ПА МУ НАПИША ПОРАКА „Ми беше задоволство!“

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ го елиминираше Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим, а веднаш по мечот испрати емотивна порака до својот детски идол.

227

Дино Прижмиќ направи сензација во Рим откако со пресврт го победи Новак Ѓоковиќ. Тенисерот од Сплит стана прв Хрват што го победил Србинот на земјена подлога.

По големата победа, 20-годишникот на камерата остави порака за својот идол.

„Новак, беше задоволство!“

Младиот Хрват не криеше колку му значи триумфот.

– Тешко е да се каже нешто. Многу го почитувам Новак, тој е мој идол.

Потоа додаде:

– Во првиот сет (Новак) беше неверојатен, а потоа сфатив дека морам нешто да сменам.

Прижмиќ моментно е 79-ти на АТП листата. Ова е негов најголем триумф во кариерата. Пред само две недели го победи и Бен Шелтон, што му беше прва победа против тенисер од топ 10.

 

Поврзани содржини