20.000 ЕВРА КАЗНА ЗА ФИРМАТА ЧИЈ ВОЗАЧ БЕШЕ ФАТЕН НА ДЕЛО Беше затекнат на локацијата „Купишта“ во Долно Лисиче

Општина Аеродром додава дека ќе продолжи со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

143

Фирма од Скопје треба да плати казна од 20.000 евра, откако нејзин камион е фатен како незаконски фрла градежен шут на дива депонија во близина на селото Долно Лисиче, информира Општина Аеродром во соопштение.

„При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност“, се наведува во соопштението на Општината.

Општина Аеродром додава дека ќе продолжи со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

„Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции“, соопшти Општината.

🎥 ГАЗДАТА НА КАМИОНОТ ФАТЕН КАКО ИСТУРА ШУТ Е ОБВИНЕТ ЗА ПРЕГАЗУВАЊЕ НА ЈОРГО ЌУКА Има условна казна за перење пари во предметот „Синџир“

 

 

Поврзани содржини