НЕ СЕ МАЖЕТЕ ВО СТРАНСТВО, РАБОТЕТЕ ОД ДОМА Моди со необична порака откако поскапе нафтата

Премиерот на Индија Нарендра Моди ги повика граѓаните да штедат гориво, да работат од дома и да ги одложат свадбите во странство. Владата стравува од дополнителен удар врз економијата по блокадата на Ормускиот Теснец и растот на цените на енергенсите.

0

Премиерот на Индија Нарендра Моди ги повика граѓаните да штедат гориво, да користат метро и јавен превоз, да работат од дома и да избегнуваат свадби и одмори во странство поради растот на цените на енергенсите и кризата предизвикана од војната со Иран.

Моди порача дека Индија мора да ја намали потрошувачката на бензин и дизел за да ги зачува девизните резерви и да избегне дополнителен удар врз економијата.

– Треба да ја ограничиме потрошувачката на бензин и дизел. Ако навистина мора да користиме автомобил, тогаш треба да го делиме транспортот со другите – рече Моди на јавен митинг.

Тој ги повика граѓаните и да избегнуваат купување злато и непотребни патувања надвор од земјата.

Моди посебно ја критикуваше растечката практика богатите Индјци да организираат луксузни свадби и одмори во странство.

– Меѓу средната класа постои растечка култура на одржување свадби и одење на одмори во странство. Треба да ги одложиме ваквите патувања за најмалку една година – порача индискиот премиер.

Во последните години, свадбите во Тајланд и во други азиски туристички центри станале сè попопуларни меѓу индиската средна и богата класа.

Владата сега бара тие пари да останат во земјата за да се ублажи економскиот удар.

Индија е една од најпогодените држави од блокадата на Ормускиот теснец.

Земјата, во која живеат повеќе од 1,4 милијарди луѓе, силно зависи од увоз на нафта и гас од Блискиот Исток. Поради кризата, дел од енергенсите станале недостапни, а цените драстично пораснале.

Индиската влада веќе користела вонредни мерки за пренасочување на горивото од индустријата кон домаќинствата за да обезбеди основни резерви.

Апелот на Моди се толкува како обид да се избегне дополнителен удар врз енергетскиот систем додека конфликтот во Персискиот Залив продолжува.

Поврзани содржини