ДИЖОНСКА-15 ДОБИ НОВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА Хоџа најави нови вакви инвестиции во Чаир

Проектот е дел од тековните активности за целосна реконструкција и унапредување на комуналната инфраструктура во населбата Дижонска, со кои се опфаќаат водоводната, канализациската и атмосферската мрежа.

1

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари.

На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет Муртези.






Проектот е дел од тековните активности за целосна реконструкција и унапредување на комуналната инфраструктура во населбата Дижонска, со кои се опфаќаат водоводната, канализациската и атмосферската мрежа.

-Обезбедувањето модерна и сигурна комунална инфраструктура е една од клучните цели на Министерството. Овие проекти се основа за зелен пресврт, бидејќи со нив решаваме долгогодишни проблеми, создаваме подобри услови за живот и градиме системи што одговараат на потребите на граѓаните – рече Хоџа.

Поврзани содржини