📷 ДЕЈВИД БЕКАМ СЕ НАДМИНА СЕБЕСИ Со новите фотографии ги „полуде“ жените, се огласи дури и Викторија Бекам
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам повторно ја крена температурата со фотографии во долна облека, а стомачните мускули ги покажа во најхрабрата фотосесија досега во нова соработка со познатиот бренд „Бос“.

За една серија фотографии тој позирал и под туш, па дури тогаш се распаметија неговите обожавателки.
Како заштитно лице на новата кампања, Бекам собра еден тон коментари во објавата што ја сподели познатиот бренд.
View this post on Instagram
„Леле“, „Мама миа“, „Викторија е среќна жена“, „Тој е на сосема друго ниво. Овој човек е самиот себеси конкуренција“, „Токму ова ми требаше“, „Вилицата ми е до подот“ „Ова е најдобриот ден во мојот живот“, се само дел од коментарите.
Во коментарите се редеа пофалби за беспрекорниот изглед на поранешниот фудбалер.
И неговата сопруга, модната дизајнерка Викторија Бекам, се огласи по повод провокативните фотографии, која кратко напиша: „Мојот шеф“.