ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ БЛОКИРАН ПОРАДИ ПРОТЕСТ Полицијата ќе го пренасочува сообраќајот
Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом, кон Собранието, Стопанската комора, до Владата. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, соопшти полицијата.
Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека утре, 2.4.2025 година, од 12 часот поради одржување протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
„Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на улицата Мирче Ацев кон Собранието, на улицата 11 Октомври, па во продолжение по улицата Димитрија Чупувски до седиштето на Стопанска комора, десно по булеварот Васил Главинов до булеварот Илинден пред Владата. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, соопшти полицијата.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов за утре најави протест, осносно, како што го нарече, јавна седница на ССМ која ќе се одржи во 12.05 часот пред Собранието, Стопанската Комора и пред Владата.