Бујар Османи: Бугарија да ги отвори границите за патување само со лични карти
Идејата во Бугарија 24 мај да се прогласи за ден на бугарската писменост е спротивна на договорот меѓу двете земји, смета министерот за надворешни работи.
Бугарија да се придружи кон иницијативата на шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово – граѓаните во регионот слободно да патуваат со пасоши, без лични карти.
Ова утре ќе биде иницирано на состанокот на министрите за внатрешни работи од регионот, што ќе се одржи утре во Скопје, а на кој ќе копретседаваат Македонија и Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ21.
– Со оглед на тоа дека македонските граѓани само со лична карта можат да патуваат во Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и vo БиХ, ова значи дека останува уште да се приклучи и Бугарија – објасни Османи.
Министерот, коментирајќи ја сесијата на Мешовитата комисија за историски прашања, за која Османи рече дека е добро што продолжи да работи по подолго време, Османи оцени дека идејата во Бугарија 24 мај да се прогласи за ден на бугарската писменост е спротивна на договорот меѓу двете земји.