БОКСЕРОТ КОЈ ОСВОИ 12 СВЕТСКИ ТИТУЛИ СЕ ВРАЌА ВО РИНГОТ Пензионираниот Пакјао има статус на легенда на Филипините

Пакјао, кој има освоено 12 светски титули во осум различни категории, не се борел во рингот откако загуби од Кубанецот Јорденис Угас со едногласна одлука за титулата во ВБА верзијата во велтер категорија на 21 август 2021 година во Лас Вегас.

252

Боксерската ѕвезда Мани Пакјао, кој ужива култен статус во родните Филипини, повторно ќе се појави во рингот, четири години откако се пензионираше.

На 46-годишна возраст, Филипинецот ќе се бори против 29-годишниот Американец Марио Бариос за титулата во ВБЦ верзијата во полусредна категорија, објави денеска американската телевизиска мрежа ЕСПН.
Според истиот извор, борбата ќе се одржи во Лас Вегас на 19 јули.






Пакјао, кој има освоено 12 светски титули во осум различни категории, не се борел во рингот откако загуби од Кубанецот Јорденис Угас со едногласна одлука за титулата во ВБА верзијата во велтер категорија на 21 август 2021 година во Лас Вегас.

Последната титула светски првак ја освои во 2019 година во велтер категорија на возраст од 40 години.

Поврзани содржини