БОКИ 13 ОСЛОБОДЕН ЗА ПРЕДМЕТОТ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“ Апелација ја преиначи пресудата на Кривичниот суд за 5 години затвор

131

Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски-Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“, со што ја преиначил првостепената пресуда со која тој беше осуден на пет години затвор. Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски. Ослободени се и другите кои беа обвинети во истиот случај.

„Ете, правдата е спора но достижна! Апелациониот Суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот Меѓународен сојуз. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од 5 години!“, објави Дуковски.






Претходно, Апелациониот суд ја потврди ослободителната пресуда за поранешната пратеничка Фросина Ташевска-Ременски, додека првичните пресуди за дел од останатите обвинети беа укинати и предметот беше вратен на повторно судење.

Во октомври 2025 година, по повтореното судење, Јовановски беше осуден на пет години затвор за измама и перење пари.

 

Поврзани содржини