АДВОКАТОТ ШИЛЕГОВ ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПРЕИСПИТА ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ПУЛС“ На Врховен паѓаат пресудите поради недокажани причинско-последични врски

Родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ изјавија дека не може да се става во ист кош 13-годишното незаконско работење на „Пулс“ со друго обвинение, затоа што се работи за различни случаи.

1

Бранителот на обвинетиот Шофкет Хазари, адвокатот Петре Шилегов, на почетокот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ повика Јавното обвинителство да земе предвид две неодамнешни одлуки на Врховниот суд, во кои, како што рече, недокажувањето на причинско-последичните врски меѓу обвинетите било причина за укинување на пресудите.

– И по 6-7 години од сега, да не се случи и во овој предмет истото, да не се трошат ресурси залудно – рече Шилегов пред Судот.






Родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на паузата на рочиштето изјавија дека не може да се става во ист кош 13-годишното незаконско работење на „Пулс“ со друго обвинение, затоа што се работи за различни случаи.

Во досегашното судење адвокатот Шилегов повече опати го повика Јавното обвинителство да го преиспита обвинението за пожарот, според кое 34 физички и 3 правни лица се гонат за Тешки дела против општата сигурност.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година загинаа 63 луѓе, а 222 беа повредени.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ГРАДЕЖНОТО ВЕШТАЧЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ „ПУЛС“ Вештакот Русески сам призна дека не е стручен за клучни области, а изведува заклучоци

Поврзани содржини