ИМ „ПОМАГАЛ“ ДА ВАДАТ ПАРИ ОД БАНКОМАТ, ПА ИМ ЗЕМАЛ ДЕЛ Уапсен 50-годишен маж пред банка во Куманово

50-годишникот од селото Пчиња стоел пред банка на улицата „Иво Лола Рибар“ и им нудел помош на граѓаните, а потоа им земал дел од подигнатите пари.

54

Педесетгодишен жител на кумановското село Пчиња е уапсен откако, нудејќи им помош на сограѓани да подигнат пари од банкомат, искористувал момент на невнимание и им земал дел од парите. Тој бил забележан пред банка на улицата Иво Лола Рибар во Куманово додека, според полицијата, ја извршувал измамничката шема.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека осомничениот М.З. бил приведен на 2 ноември, околу 10:30 часот, од полициски службеници на СВР Куманово.






– Тој бил забележан пред банка на улица Иво Лола Рибар во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание, земал дел од парите – соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против 50-годишникот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини