ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ВУЛИН СЕ ЈАВИ ОД МОСКВА Негира дека побегнал од Србија

Вулин претходно го опиша необичното патување со зборовите дека спиел во авионот, а кога се разбудил, повторно бил во Белград.

2

Поранешниот српски министер Александар Вулин се јави од Москва и ги демантираше шпекулациите дека избегал од Србија, по необичното патување во кое неговиот авион претходно се вратил во Белград.

„Не избегав никаде“, порача Вулин во видеообраќање од руската престолнина, објавено на неговиот Инстаграм профил.






Неговата реакција следува по информациите за враќањето на авионот со кој патувал кон Москва, што предизвика шпекулации за причините за прекинот на летот.

Вулин претходно го опиша необичното патување со зборовите дека спиел во авионот, а кога се разбудил, повторно бил во Белград.

Со новото јавување од Москва, тој потврди дека сепак пристигнал во Русија и ги отфрли тврдењата дека се обидувал да избега од Србија.

АВИОН ЗА МОСКВА СЕ СВРТЕ И СЕ ВРАТИ ВО БЕЛГРАД Причината за ненадејната промена не е позната

Поврзани содржини