МАЈКА ЈА ПРЕТЕПАЛА ДО СМРТ ЕДНОГОДИШНАТА ЌЕРКА ВО НОВИ САД Уапсен е и таткото

Според наводите на обвинителството, мајката му нанела повеќе удари по телото на девојчето, од кои тоа починало.

0

Полицијата во Нови Сад уапси 33-годишна жена со иницијали А.Ш., осомничена дека на 2 ноември вечерта ја убила својата едногодишна ќерка. Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., под сомнение дека не ѝ пружил помош на својата ќерка, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Според наводите на обвинителството, мајката му нанела повеќе удари по телото на девојчето, од кои тоа починало. Таа е осомничена за тешко убиство, кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години до доживотен.






Таткото се товари за непружање помош, за што е предвидена затворска казна од три месеци до пет години. На двајцата осомничени им е одредено задржување до 48 часа. Во тој рок треба да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по што ќе продолжат доказните дејствија во рамки на истрагата.

Според српскиот портал „Нова.рс“, случајот се истражува како сомнение за тешко убиство.

Поврзани содржини