УЖАС ВО ФРАНЦИЈА, РЕЧИСИ 900 МАЖИ СИЛУВАЛЕ 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Макроата заработиле повеќе од 50.000 фунти

Девојчето било пронајдено во Марсеј по пријава од мајка му за исчезнување. Според истрагата, било принудувано на проституција во повеќе француски градови, а двајца осомничени се уапсени.

0

15-годишно девојче силувано од речиси 900 мажи во Франција: Со трговија со луѓе и проституција заработиле над 50.000 фунти
Петнаесетгодишно девојче било принудувано на проституција и сексуално злоупотребувано од речиси 900 мажи, кои, според наводите, биле привлечени преку огласи објавени на интернет, пишува британскиот весник „The Sun“.

Девојчето било жртва на трговија со луѓе и подведување во неколку француски градови во период од четири месеци, соопштила полицијата. Според истражителите, било принудувано да се занимава со проституција под закана со насилство, а лицата што го злоупотребувале за тој период заработиле повеќе од 50.000 фунти.






Еден полнолетен маж и еден малолетник биле уапсени и обвинети во врска со случајот минатиот месец, објави локалниот медиум „ICI“.

Полицијата започнала истрага откако мајката на девојчето во мај пријавила дека нејзината ќерка исчезнала во областа Пје-сир-Аржан.

Мајката се сомневала дека девојчето е држено против своја волја во Марсеј. Само неколку дена по отворањето на истрагата, припадници на полициската единица за борба против проституцијата го пронашле девојчето во овој француски град.

Според полицијата, малолетничката била жртва на организирана мрежа за подведување. Двајцата осомничени секојдневно ѝ наметнувале финансиски цели што морала да ги исполни.

Истражителите наведуваат дека девојчето било принудувано на проституција на подрачјето на департманите Вар и Приморски Алпи, во периодот од февруари до мај 2026 година.

Меѓу местата во кои била сексуално експлоатирана се и луксузните француски градови Ница и Кан, познати по познатите личности и приватните плажи.

На интернет биле објавувани огласи преку кои биле привлекувани мажи, а за организирање на средбите биле изнајмувани хотели и апартмани.

Девојчето цело време било под строг надзор за да се спречи да избега од лицата што го злоупотребувале, објавува медиумот.

Заедничка акција на надлежните служби овозможила идентификација на двајцата осомничени, кои биле уапсени на 13 октомври.

Двајцата биле приведени, а на 15 октомври биле изведени пред јавен обвинител.

Тие се товарат за тешки кривични дела поврзани со подведување малолетно лице и трговија со малолетно лице на подрачјето на Пје-сир-Аржан, Драгињан, Тулон, Ница и Кан.

На полнолетниот осомничен му е одреден притвор, додека малолетникот е пуштен на слобода со мерки на судски надзор.

На првиот осомничен ќе му се суди на 11 декември, додека вториот ќе одговара пред судот за малолетници во Драгињан.

Поврзани содржини