📽️ 📷 РУСИЈА СО МАСОВЕН РАКЕТЕН И ДРОНСКИ НАПАД ВРЗ УКРАИНА Харков тешко погоден, десетици повредени, во училиште загинале 26 лица

Во нападите ноќта меѓу 2 и 3 ноември биле погодени повеќе украински региони, а во Харков се повредени најмалку 62 лица. Истовремено, украински дронови погодиле нафтени објекти во Русија.

203

Русија ноќта меѓу 2 и 3 ноември извршила масовен ракетен и дронски напад врз Украина, при што биле погодени енергетска инфраструктура, станбени објекти и медицински установи во повеќе региони. Во Харков се повредени најмалку 62 лица, а во одделен напад врз училиште во Комишуваха, каде што се делела хуманитарна помош, загинале најмалку 26 луѓе.

Според информациите од украинската страна, руските сили употребиле стратешки бомбардери „Tu-160“ и „Tu-95MS“, крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала „Shahed“.

 






Меѓу погодените градови биле Харков, Днепар и Житомир. Во неколку региони имало и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во Харков била оштетена здравствена установа, а според градоначалникот Игор Терехов, во болницата и околните објекти биле искршени повеќе од 1.000 прозорци.

 

Во меѓувреме, украински беспилотни летала погодиле голем нафтен транспортен центар во руската Самарска област, како и рафинерија во Јарослављ. Во нападот врз рафинеријата биле повредени двајца вработени, а избувнал и пожар.

Руското Министерство за одбрана соопштило дека во текот на ноќта соборило 856 украински дронови над руска територија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објавил дека биле неутрализирани околу 100 беспилотни летала што се движеле кон главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите, оценувајќи дека тие покажуваат оти Москва не сака деескалација и вистински напредок кон мирот.

Од американската администрација, пак, било најавено дека работни разговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, треба да се одржат во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Поврзани содржини