📽️ 📷 ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО АВИОН ОД ЛОНДОН ЗА ПОЛСКА Во леталото имало 181 лице, аеродромот во Варшава затворен

Авион со 181 лице на летот од Лондон кон Варшава принудно слета по дојава за бомба. Аеродромот „Варшава-Модлин“ беше затворен, а пиротехничари го проверуваат леталото.

0

Патнички авион кој летал од Лондон кон Полска бил принуден да слета на алтернативен аеродром по дојава за поставена бомба.

Авионот на полската авиокомпанија, во кој имало 181 патник и членови на екипажот, утрово бил пренасочен кон аеродромот „Варшава-Модлин“ по вознемирувачката дојава.






Инцидентот се случил само неколку часа откако во понеделникот бил испратен борбен авион за да му пружи поддршка на авион на компанијата Виз Ер, кој летал од Лондон, исто така поради слична дојава.

Утрово на аеродромот Варшава-Модлин биле испратени итните служби, а аеродромот бил затворен за сообраќај.

Пиротехничките екипи пристигнале на местото за да ги проверат авионот и багажот на патниците, откако леталото слетало околу 10 часот.

Авионот „Boeing 737 MAX 8“ полетал од лондонскиот аеродром Хитроу во 6:30 часот, а требало да слета на варшавскиот аеродром Шопен, објави Сан.

Сепак, летот бил пренасочен во 9:54 часот „поради информација за експлозивна направа во авионот“, соопштиле од аеродромот Модлин.

 

Портпаролот додал дека аеродромот во полската престолнина ќе остане затворен до понатамошно известување.

По слетувањето, авионот бил пренасочен на посебно определена локација, каде што надлежните служби ја проценуваат заканата.

Според медиумските извештаи, патниците почнале да го напуштаат авионот, а надлежните ги упатувале нивните семејства кон терминалот за пристигнувања.

– Безбедноста на патниците, екипажот и вработените на аеродромот во моментов е највисок приоритет – велат од аеродромот Варшава-Модлин.

Утрово бил принудно приземјен и уште еден патнички авион кој летал кон Варшава, откако била упатена закана кон еден од патниците во леталото.

Поврзани содржини