ПОКАЧУВАЊЕ ЗА 10% НА ПЛАТИТЕ ВО АРМИЈАТА И ВО ОДБРАНАТА Мисајловски го оцени зголемувањето како историско

Ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

57

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска соопшти дека платите на вработените во армијата и во одбраната од јануари 2027 година ќе бидат покачени за 10%.

Тој го оцени зголемувањето на примањата како „историски чекор“.






Мисајловски информираше дека на последната владина седница поминал предлогот за буџетот за 2027 година, по што ќе биде испратен во Собранието, а во новиот буџет се предвидени опари за повисоките плати.

– Платите во армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата – рече денеска Мисајловски.

Министерот посочи дека преку социјален дијалог и во соработка со синдикатите бил постигнат овој исчекор.

– Ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, заедно со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата. Честитки до сите вработени, бидејќи тоа го заслужуваат, го заслужува Армијата, ние сме НАТО Армија и преку социјален дијалог ова го оствариме – потенцираше Мисајловски.

Мисајловски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска за поддршката.

 

Поврзани содржини