📷 КРИСТИНА АГИЛЕРА ГИ ЗАГРЕА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Гола позираше во када пред Ноќта на вештерките

Пејачката објави провокативна фотографија во пресрет на Ноќта на вештерките, а обожавателите веднаш почнаа да нагаѓаат какво изненадување подготвува.

100

Американската пејачка Кристина Агилера ги заинтригира своите обожаватели со провокативна фотографија објавена во пресрет на Ноќта на вештерките.

Агилера на „Instagram“ објавила фотографија на која позира гола во када, најавувајќи ги последните подготовки за својот омилен празничен период, кој таа го нарекува „Xtinaween“.






На фотографијата пејачката е потпрена на внатрешната страна од кадата, додека градите ги прекрила со два емотикона во форма на духови. Нејзината руса коса делумно ѝ паѓа преку лицето, дополнително придонесувајќи за мистериозната атмосфера на фотографијата.

– Последни подготовки пред „Xtinaween“ – напишала Агилера покрај објавата, придружувајќи ја пораката со неколку емотикони поврзани со Ноќта на вештерките.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)

Фотографијата брзо предизвикала бројни реакции на социјалните мрежи, а обожавателите веднаш почнале да нагаѓаат каков костим ќе избере пејачката оваа година.

Додека дел од нив ја прашувале што подготвува за празникот, други во шега посакале нејзиното изненадување да биде најава за нова музика.

Кристина Агилера веќе има традиција секоја година да ја одбележува Ноќта на вештерките со впечатливи и необични модни комбинации.

Минатата година таа избрала изглед инспириран од пиратскиот стил, појавувајќи се во црн корсет, бел фустан со набрани детали и впечатлив украс за глава во форма на брод.

Во 2024 година, пак, пејачката објавила фотографии во портокалов фустан со длабоки отвори, инспириран од атмосферата на празникот. Тогаш таа напишала дека Ноќта на вештерките е нејзиниот омилен период од годината.

Со последната објава, Агилера повторно успеа да го привлече вниманието на своите милиони обожаватели, оставајќи ги во исчекување да видат какво изненадување подготвила за овогодишниот „Xtinaween“.

Поврзани содржини