📽️ ТРАМП ГО ПОФАЛИ ЗАДНИКОТ НА НИКИ МИНАЖ Необичен коментар на американскиот претседател на политички митинг во Мичиген
Американскиот претседател Доналд Трамп ја изненади публиката со коментар за изгледот на раперката Ники Минаж, која присуствуваше на неговиот митинг во Мичиген. Тој ја повика да стане за сите да ја видат, а пејачката ја поздрави насобраната публика додека присутните аплаудираа.
Доналд Трамп предизвика смеа и бурни реакции на митингот во Порт Хјурон, Мичиген, откако среде говорот упати необичен комплимент за Ники Минаж. Американскиот претседател го пофали нејзиниот задник, а потоа ја повика да стане пред насобраните поддржувачи.
– Патем, претходно видов една навистина прекрасна задница. Ники Минаж! Тоа не може да се промаши. Стани! Тоа не може да се промаши – рече Трамп, по што публиката реагираше со овации, а раперката стана од своето место и им мавна на присутните.
Трамп потоа се обиде да ја ублажи ситуацијата, велејќи дека се надева оти Ники не се навредила од неговиот коментар.
– Ја сакаме Ники. Таа е со нас веќе долго време – додаде претседателот, пред да продолжи со темата на својот говор.
Коментарот се надоврза на неговите претходни изјави за физичкиот изглед на републиканскиот сенатор од Охајо, Џон Хастед. Трамп раскажуваше дека го набљудувал неговото тело откако дознал дека во минатото бил успешен спортист, а потоа се пошегува и за неговиот задник. На митингот во Мичиген повторно ја раскажа случката, пред вниманието да го насочи кон Минаж.
Раперката, која пристигна на настанот со претседателскиот авион „Ер форс уан“, и самата се обрати пред публиката. Таа отворено ја изрази поддршката за Трамп и порача дека ќе продолжи да го поддржува и во иднина.
– Ќе те поддржувам засекогаш – изјави Минаж, која во последната година сè почесто јавно застанува зад американскиот претседател.
Нејзината поддршка за Трамп привлече внимание и претходно, особено по нејзините позитивни изјави за неговата администрација и учеството на настани поврзани со неговите политички иницијативи. Настапот во Мичиген беше уште еден знак за нивното приближување, а коментарот за нејзиниот изглед стана еден од најсподелуваните моменти од митингот.
View this post on Instagram
Настанот беше организиран во поддршка на републиканските кандидати пред претстојните избори за Конгресот. Сепак, наместо политичките пораки, вниманието на дел од јавноста го привлече необичната размена меѓу Трамп и славната раперка.