📽️ ОПАСНИ МАТЕРИИ ПЛОВАТ КРАЈ БУГАРИЈА ПО НАПАДОТ СО ДРОНОВИ На бугарскиот брег се појавил уште еден „Геран“
Новите информации покажуваат дека бродот претрпел 3 пробивања на трупот. И покрај значителното навалување, пловилото сè уште се одржува на површината. Сите 18 членови на екипажот биле спасени. Морнарите го напуштиле бродот со чамци за спасување.
Повеќе од 20 контејнери со опасни материи паднале во Црното Море по нападот со три поморски дрона врз товарниот брод „Контшип Џет“, за кој вчера извести Плусинфо. Меѓу товарот има литиум-јонски батерии, киселини и запаливи течности.
Сите 18 членови на екипажот биле спасени, а бугарските власти истражуваат и втор инцидент со дрон во близина на својот брег.
Бродот „Контшип Џет“, кој пловел под либериско знаме бил погоден во близина на ртот Калијакра, на околу 16 наутички милји од бугарскиот брег. Пловилото патувало од израелското пристаниште Хаифа кон романското пристаниште Констанца.
Новите информации покажуваат дека бродот претрпел 3 пробивања на трупот пред да потоне.
Првичните информации укажуваат дека морнарите го напуштиле бродот со чамци за спасување.
Бугарските власти ги предупредиле морепловците да бидат особено внимателни. Контејнерите што пловат во морето претставуваат дополнителна пречка за поморскиот сообраќај. Тие се и опасност за животната средина.
У побережья Болгарии морские дроны атаковали ещё одно гражданское судно. Экипаж спасли
Об атаке на контейнеровоз Contship Jet, который принадлежит греческой компании и ходит под флагом Либерии, сообщило Министерство транспорта Болгарии. Судно, которое следовало из израильской Хайфы в румынскую Констанцу и, по данным экипажа, перевозило 421 контейнер, находилось примерно в 17 морских милях от мыса Калиакра, расположенного севернее Варны.
Экипаж из 18 человек покинул судно, всех моряков спасли и доставили в Варну. В составе команды были 14 граждан Филиппин и четверо граждан Украины, уточняет BNR.
Ссылаясь на Минобороны Болгарии, издание пишет, что дроны трижды ударили по судну. Сайт https://t.co/3VNa5IUOkM утверждает, что с борта судна в море упали не менее 20 контейнеров, а само оно сильно накренилось.
Это как минимум пятое гражданское судно, атакованное у побережья Болгарии с начала октября. Экипаж одного из них, затонувшего Alfa Watan, который состоял из 11 человек, так и не нашли.
Фото: MarineTraffic, видео: Maritime. bg
— ЭХО (@echofm_online) October 28, 2026
Првичната проверка на водата кај ртот Калијакра не открила видливи знаци на загадување. Сепак, властите најавиле земање примероци за лабораториски анализи, кои треба да покажат дали опасните материи навлегле во морето.
Во меѓувреме, бугарските власти пријавиле уште еден инцидент, овојпат на брегот кај градот Царево.
Таму биле пронајдени остатоци од беспилотно летало за кое се претпоставува дека е руски дрон од типот „Геран“. Неговото потекло засега не е официјално потврдено.
Министерството за одбрана на Бугарија соопштило дека остатоците биле собрани и пренесени во поморска база. Засега нема информации што би укажувале на поврзаност меѓу двата инцидента.
Нападот се случи во ексклузивната економска зона на Бугарија, токму во моментите кога во Софија се одржуваше трилатерален состанок за безбедност меѓу министрите за одбрана на Бугарија, Турција и на Романија.
Ова е трет сериозен инцидент во бугарските води во текот на октомври, по претходните напади врз бродовите „HS Dignity“ и „Chelsea-3“ во кои исто така имаше потонати пловила. Потеклото на дроновите сè уште не е официјално утврдено.