ТЕРОРИСТОТ НИДАЛ ХАСАН НЕМА ДА БИДЕ СТРЕЛАН ВО ЖИВО Трамп се откажа од преносот на погубувањето во базата Форт Худ
Американскиот претседател Доналд Трамп. соопшти дека членовите на семејствата на жртвите ќе можат лично да присуствуваат на егзекуцијата доколку тоа го сакаат.
Егзекуцијата на поранешниот мајор на американската армија, Нидал Малик Хасан, осуден за убиство на 13 војници и ранување на 32 војнии во воената база Форт Худ во 2009 година, нема да биде емитувана во живо, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
– Тој ќе биде погубен како што е планирано, со стрелачки вод, но овој настан нема да биде емитуван во живо – рече Трамп.
Во објава на неговата социјална мрежа Трут соушл, Трамп соопшти дека членовите на семејствата на жртвите ќе можат лично да присуствуваат на егзекуцијата доколку тоа го сакаат.
Трамп изјави дека ја разгледува можноста за емитување на егзекуциите за да покаже како САД се справуваат со терористите, но додаде дека многу добронамерни луѓе би претпочитале да избегнат да гледаат таков настан.
Американскиот претседател го опиша Хасан како предавник и криминалец. Според него, јавното емитување на егзекуцијата би можело да послужи како предупредување за потенцијалните сторители на терористички напади.
– Не ми е многу грижа како ќе си замине, само нека замине – рече Трамп.
Претходно, министерот за војна, Пит Хегсет најави дека САД преку пренос во живо ќе го прикажат извршувањето на смртната казна со стрелање врз поранешниот мајор, закажано за 3 декември во базата Форт Худ.