📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не била пријавена

Автобусот излетал од патот околу 13:30 часот, а според првичните информации во него немало патници. Полицијата излегла на терен по информациите за незгодата и сега го бара возачот.

80

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата, возачот не бил таму. Настанот воопшто не бил пријавен во полиција, а сега службеници го бараат возачот.

Според првичните неофицијални информации што ги објави „Тетово инфо“, во автобусот во моментот на излетувањето немало патници.






Од СВР Тетово потврдиле за весникот „Вечер“ дека незгодата не била пријавена, но полициски службеници излегле на терен.

При излетувањето автобусот ја оштетил банкината, поради што полицијата трага по возачот.

Неофицијално, станува збор за општински автобус.

Поврзани содржини