📽️ ХАРИ ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТ ПО ВРАЌАЊЕТО ВО БРИТАНИЈА „Убаво е повторно да се биде на британско тло“

Принцот Хари се појави сам на свеченоста која го означи почетокот на „Invictus Spirit Awards“ во Лондон и откри како се чувствува по враќањето во Британија.

293

Принцот Хари го имаше своето прво официјално јавно појавување во Лондон откако со Меган Маркл и нивните две деца се преселија од Калифорнија во Британија. Во четвртокот вечерта тој пристигна сам на првите „Invictus Spirit Awards“ во „Old Royal Naval College“ во Гринич, каде што се појави во свечен костум и со своите воени медали.

Меган не беше со него на настанот. Според медиумите, во периодов таа е фокусирана на приспособувањето на децата кон животот и училиштето во Британија. Децата неодамна мораа да го сменат училиштето по само два дена, откако безбедносниот тим проценил дека патувањето и сообраќајот претставуваат проблем за нивната заштита.






Хари на настанот се сретна со припадници на заедницата на „Инвиктус“ и позираше со гости и ветерани. Кога бил прашан како се чувствува што повторно е во Британија, тој кратко одговорил:

– Добро. Убаво е повторно да се биде на британско тло.

„Invictus Spirit Awards“ се организирани од фондацијата „Инвиктус гејмс“, која Хари ја основаше во 2014 година. Првото издание беше посветено на луѓето кои придонесуваат за движењето и на поранешните и активните припадници на воените служби кои се соочиле со повреди или заболувања.

Свеченоста имаше и хуманитарен карактер – на самиот настан биле собрани 1.667.985 фунти за фондацијата „Инвиктус гејмс“. Средствата ќе бидат наменети за нејзините програми за опоравување на ранети, повредени и болни припадници на воените служби и ветерани.

Хари претходно истиот ден се појавил и на настан на „Save the Children“ и „Imperial College London“. За Хари ова е само почеток на серијата јавни ангажмани во Британија. Тој треба да присуствува и на други активности поврзани со „Инвиктус“, а подоцна овој месец се очекува да се појави и на доделувањето на наградите „WellChild“, чиј покровител е од 2007 година.

Поврзани содржини