ФЕКАЛНО ЗАГАДУВАЊЕ ВО ВОДАТА ВО СТРУМИЧКО Во 4 села забранета е за пиење и за готвење

Вонредниот инспекциски надзор констатирал отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување.

62

Се забранува водата за пиење во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса, соопштија попладнево од Општина Струмица во објава на Фејсбук.

Одлуката е донесена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведен вонреден инспекциски надзор.






„Решението е донесено од страна на АХВ врз основа на вонредниот инспекциски надзор при кој е констатирано отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување“, соопштија од Општина Струмица.

Освен за пиење, водата се забранува и за подготовка на храна и послужување во јавни објекти.

Од Општина Струмица апелираат граѓаните да се придржуваат до одлуката сè додека не се утврди исправност на водата.

Поврзани содржини