ДОЈДОА СО ТРОТИНЕТИ И ИМ ГО УДРИЈА КИБРИТОТ НА ДУЌАНИТЕ! Надзорните камери ги снимија потпалувачите во Шуто Оризари
„Рома њуз“ на социјалните мрежи објави видео снимка од една од безбедносните камери на која се гледа како две момчиња доаѓаат со електрични тротинети пред дуќаните, потпалуваат пожар и бегаат од местото на настанот.
Во врска со инцидентот и пожарот во кој комплетно изгореа неколку дуќани во скопската населба Шуто Оризари, „Рома њуз“ на социјалните мрежи објави видео снимка од една од безбедносните камери на која се гледа како две момчиња доаѓаат со електрични тротинети пред дуќаните, потпалуваат пожар и бегаат од местото на настанот.
Засега МВР не излезе со информација дали потпалувачите се идентификувани и уапсени.
Штетата што ја претрпеа сопствениците на дуќаните е голема.
🎥 ВО ПОЖАРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ИЗГОРЕА 20 ДУЌАНИ Сите биле сопственост на еден човек