600.000 ЕВРА ВО КЕШ И БЕЗ ПОКРИТИЕ ОДЗЕМЕНИ ОД ФИРМА И ОД ДВЕ ЛИЦА ВО СТРУМИЦА Уште 500.000 евра им биле одземени од сметка
Против две физички лица и едно правно лице од Струмица е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.Во рамки на истрагата биле извршени претреси на локации поврзани со пријавените лица.
Полицијата во соработка со надлежни државни институции во текот на вчерашниот ден од едно правно и две физички лица од Струмица одзела околу 1,1 милиони евра, од кои во готовина 597.500 евра, а другите се внесени на трансакциска сметка, објавија денеска на заедничка прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство.
– Беа пронајдени околу 600.000 евра во готовина. Потоа следуваше финансиска истрага бидејќи за готовината лицата не поседуваа соодветна документација и, по обезбедената дополнителна наредба од судот и Јавното обвинителство, парите беа одземени. Отворена беше подетална истрага и утврдивме дека во 2018 година на банкарска сметка на едно физичко лице се внесени дополнителни 500.000 евра. По анализата и спроведената истрага беше утврден огромен несразмер меѓу приходите и расходите, како и произлезената заштеда. Значи, лицата немаа легално покритие за тие пари – рече Јанев.
Против две физички лица и едно правно лице од Струмица е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.Во рамки на истрагата биле извршени претреси на локации поврзани со пријавените лица.
Средствата се предадени на понатамошна финансиска истрага, при што треба да се утврди нивното потекло и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.
Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и дали постои поврзаност со активностите опфатени со кривичната пријава.
Во рамки на истрагата се анализираат и финансиските текови и документацијата поврзана со пријавените лица и правното лице.