ДВАЈЦА ЗАГИНАА ДОДЕКА ПОДГОТВУВАЛЕ ЕКСПЛОЗИВ ЗА ДА ОГРАБАТ БАНКОМАТ Случајно ја предизвикале детонацијата

Карабинерите во Италија го истражуваат случајот, а нивната единица за деактивирање експлозиви го прегледа местото на настанот.

329

Двајца мажи загинаа во експлозија во предградието на јужниот италијански град Андрија рано утринава, откако, според првичните сознанија, случајно ја предизвикале детонацијата додека се подготвувале да ограбат банкомат, објави „Анса“.

Телата биле пронајдени покрај регионален пат, во близина на украден автомобил.






На местото биле пронајдени експлозиви какви што користат криминалните групи што ограбуваат банкомати.

Карабинерите го истражуваат случајот, а нивната единица за деактивирање експлозиви го прегледа местото на настанот.

 

Поврзани содржини