ПОТОНА ИНДИСКИ ТРГОВСКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ Пловилото погодено со ракета, морнарите спасени

Министерството за надворешни работи на Индија го осуди нападот врз трговскиот брод и наведе дека Амбасадата во Ријад ја следи ситуацијата и активно се координира со јеменските власти за безбедноста на екипажот.

96

Трговски брод што пловел под знаме на Индија синоќа се преврте и потона во близина на територијалните води на Јемен, откако беше погоден од проектил. Сите 14 членови на екипажот се спасени, изјави индискиот министер за бродарство Сарбананда Соновал.

Министерството за надворешни работи на Индија го осуди нападот врз трговскиот брод и наведе дека Амбасадата во Ријад ја следи ситуацијата и активно се координира со јеменските власти за безбедноста на екипажот.






„Нападите врз трговските бродови во регионот мора да престанат, а слободната и непречена пловидба и трговија по меѓународните водни патишта во регионот, во согласност со меѓународното право, мора да се обноват што е можно поскоро“ соопшти индиското МНР.

Јеменските бунтовници Хути, кои имаат поддршка од Иран, на 20 јули воведоа поморска блокада за Саудиска Арабија во теснината Баб ел Мандеб која води кон Црвеното Море.

Според податоците за поморски сообраќај, вчера низ теснината Баб ел Мандеб поминале 20 бродови, од кои 12 танкери и 8 товарни бродови, речиси исто како и претходниот ден.

Саудиска Арабија ја предводеше меѓународната коалиција која воведе воздушна и поморска блокада врз Хутите во 2014 година, откако тие го зазедоа главниот град Сана и голем дел од северен Јемен. Главните борби завршија со прекин на огнот во 2022 година. Судирите доведоа до една од најлошите хуманитарни кризи во светот.

Хутите во средината на јули истрелаа ракети кон Саудиска Арабија откако ги обвинија саудиските сили за бомбардирање на аеродром под нивна контрола. Хутите го оценија нападот врз аеродромот како прекин на четиригодишното примирје помеѓу Кралството и бунтовничката група.

Тоа беа првите напади врз Саудиска Арабија за кои Хутите ја презедоа одговорноста откако неформалното примирје стапи во сила во март 2022 година.

 

Поврзани содржини