ДВЕ ДЕВОЈКИ СКОКНАЛЕ ОД ТАКСИ ВО ДВИЖЕЊЕ Таксистот не ги однел на бараната локација

0

Две девојки од Тетовско скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација.

Како што соопшти полицијата, на 04.08.2026 во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација.






Според пријавеното, тие успеале да скокнат од возилото во движење и да побараат помош. За случајот е известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Поврзани содржини