8 ЛУЃЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕРИЖЕН СУДИР НА 4 ВОЗИЛА Тешка сообраќајна несреќа кај Битола

На еден од повредените му се врши операција поради сериозноста на повредите. Шестмина се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на Одделението за ортопедија во битолската болница.

1

Тешка сообраќајна несреќа утрово го блокираше магистралниот пат Битола-Прилеп, во близина на мостот на реката Шемница. Во верижен судир учествувале 4 возила.

Сообраќајот на оваа делница е во целосен прекин од 9 часот.






Веднаш по добиената пријава, на терен излегле екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица  Битола и Службата за итна медицинска помош.

Во Клиничката болница во Битола со тешки телесни повреди итно биле пренесени осум лица.

На еден од повредените му се врши операција поради сериозноста на повредите. Шестмина се задржани на Одделението за хирургија, а двајца се хоспитализирани на Одделението за ортопедија. Сите, освен оперираното лице, се во стабилна состојба.

Од Противпожарната единица Битола потврдија дека и покрај силината на верижниот судир, за среќа не избувнал пожар на ниту едно од четирите возила.

На местото на несреќата во тек е детален увид предводен од полициски екипи на СВР Битола и надлежен јавен обвинител, по чие завршување се очекува да бидат соопштени официјалните причини за несреќата.

Поврзани содржини