🎥 ХАРИ СТАЈЛС СЕ ЛИЗНА НА СЦЕНАТА, АМА НЕ ГО ПРЕКИНА КОНЦЕРТОТ ВО МЕКСИКО СИТИ Не дозволи невремето да му го расипе шоуто

Концертот во Мексико на 1 август ќе остане запаметен по професионалната реакција на Стајлс и по енергијата со која, и покрај дождот и падот, го приведе шоуто до крај.

34

Силен дожд и невреме се заканија да го прекинат концертот на Хари Стајлс во Мексико Сити. Но, британската поп-ѕвезда не дозволи временските услови да го прекинат шоуто. За време на настапот, сцената стана лизгава, а Стајлс во еден момент изгуби рамнотежа и падна, но веднаш стана и продолжи да пее, освојувајќи громогласен аплауз од илјадниците обожаватели.

Настанот се случи на 1 август, кога мексиканската престолнина беше зафатена од силен дожд. Иако невремето создаде тешки услови за настап, концертот не беше откажан ниту трајно прекинат, како што првично објавија дел од медиумите и профилите на социјалните мрежи.






Видеата од моментот кога Стајлс се лизна брзо се проширија на интернет. На снимките се гледа како пејачот паѓа на влажната сцена, но речиси веднаш повторно застанува на нозе и со насмевка го продолжува концертот, додека публиката го поздравува со овации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by itsharryig (@itsharryig)


Во деновите пред концертите во Мексико, многу фанови изразуваа загриженост поради најавите за грмежи и поројни дождови. На социјалните мрежи се појавија бројни прашања дали настапите ќе бидат откажани, но организаторите решија концертите да се одржат, следејќи ги безбедносните услови на терен.

Хари Стајлс важи за еден од најпопуларните светски поп-ѕвезди. Кариерата ја започна како член на групата *One Direction*, а потоа изгради успешна соло кариера со хитови како „As It Was“, „Sign of the Times“ и „Watermelon Sugar“, освојувајќи повеќе Греми награди и милиони обожаватели ширум светот.

Концертот во Мексико ќе остане запаметен по професионалната реакција на Стајлс и по енергијата со која, и покрај дождот и падот, го приведе шоуто до крај.

Поврзани содржини