ЗГОЛЕМЕН СООБРАЌАЈ КОН ГРАНИЦИТЕ На Табановце се чека 1 час, на Богородица 30 минути

29

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради поголемата фреквенција на возила има задржувања на два гранични преминa.






На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, додека на Богородица се чека околу 30 минути во двата правци.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.

Особена претпазливост се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини