📷 ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРОНАЈДЕ СВАДБАРИТЕ ОД ДОБРИДОЛ КОИ ПУКАА Заплени пиштоли, пушки и муниција
За време на претресите, сите спроведени во село Добридол, одземени се оружје и муниција.
Шест лица се приведени, а едно е повикано на службен разговор во врска со пукање на семејна веселба во гостиварското село Добридол, за кое беше објавено видео на социјалните мрежи – информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи по спроведени претреси на повеќе локации.
За време на претресите, сите спроведени во село Добридол, одземени се оружје и муниција.
МВР соопшти дека извршила претрес кај сите кои се нашле на снимката.
„Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е пронајден и одземен еден гасен пиштол. Во исто време е извршен претрес и кај И.Б.(25) од с.Добридол.
Во 18:15 часот е извршен претрес во домот на Б.А. во с. Добридол, при што се пронајдени 30 куршуми за гасен пиштол, додека во дворот се пронајдени 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Од слобода се лишени Б.А. (46) и неговиот син М.А. (21) од с.Добридол.
Потоа, во 18:25 часот извршен е претрес кај Т.М.(26) од с.Добридол, при што се пронајдени и одземени еден пиштол со осум куршуми, една ловна пушка со седум куршуми и еден гасен пиштол, по што тој е лишен од слобода, а С.М. е повикан на службен разговор“, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, МВР најавува соодветни пријави против лицата опфатени во акцијата.