🎥 ПУКАЊЕ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ НА СВАДБА ВО ГОСТИВАР Видеото дојде во рацете на полицијата која реагираше по допрен глас

Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема поднесена пријава за неовластено пукање со огнено оружје при семејни веселби во Гостивар.

26

Видео со млади лица кои пукаат од огнено оружје качени на автомобил со гостиварски таблички објавено на социјалните мрежи предизвика бурна реакција во јавноста.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема поднесена пријава за неовластено пукање со огнено оружје при семејни веселби во Гостивар, но дека полицијата веќе презема мерки по допрен глас.






Не се знае кога е направена снимката, но за граѓаните е неприфатлива и загрижувачка.

„Ова не е во Курдистан, туку во Гостивар. Разбирам сѐ, но не ми е јасно која е поентата млади лица со пиштоли и со калашникови да пукаат, па уште и да се објавуваат на социјални мрежи. Замислете колку луѓе имаат страдано поради вакви глупости“, напиша адвокатот Умејр Мухамеди  на социјалните мрежи.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека веќе презема мерки по допрен глас.

„Во изминатиот период нема пријава во ОВР Гостивар за неовластено пукање со огнено оружје при семејни веселби, а во врска со настанот, по допрен глас се преземаат соодветни мерки за идентификување на лицата и расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Пукањето на свадби и прослави во Македонија не е дозволено со закон, а за овој престап е предвидена казна од 200 до 500 евра и затворска казна.

 

Поврзани содржини