РИЧАРД ГРЕНЕЛ ПРЕД ДВА ДЕНА БИЛ ВО СКОПЈЕ Имал приватна средба со Мицкоски и со Муцински

Гренел во изминатиот период имаше повеќе средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. 

0

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео снимено од повисоките катови на зграда од која панорамски се гледа голем дел од Скопје, објави „360 степени“.

Во објавата кратко пишува – Скопје, Македонија, е убав град. Па, може да се претпостави дека тој е или бил во посета на македонската престолнина.






Од Владата за „360 степени“ велат дека Гренел пред два дена, на 29 јули, бил во приватна посета на Скопје и имал приватна средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Амбасадорот Гренел на 29 јули 2026 година престојуваше во Скопје во приватна посета. Во рамки на неговиот престој беше реализирана приватна средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и претставуваше продолжение на пријателските односи и меѓусебната комуникација“.

Гренел во изминатиот период имаше повеќе средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Поврзани содржини