СОФИЈА КУНОВСКА БАРА ФИЛИПЧЕ ВЕДНАШ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД СДСМ Ист е како оној што го постави и ни покажуваше „магарешки стапови“
Софија Куновска, поранешен висок функционер во СДСМ, јавно бара Венко Филипче веднаш да си замине од Бихаќка.
„Оној сомнително избран претседател на СДСМ, кој има никаков легитимитет, е скоро ист примитивец како оној што го постави и кој ни покажуваше ‘магарешки стапови’ по прес конференции. И на СДСМ, но уште повеќе и на Македонија, и е потребно веднаш да се спакува од Бихаќка и да си замине“, напиша Куновска на Фејсбук.
Човекот што го постави Венко Филипче на чело на СДСМ, откако претходно се „прослави“ со непристојни гестови пред локалните избори во 2021 година, е Зоран Заев.
Реакцијата на Софија Куновска доаѓа по последниот скандалозен јавен настап на Филипче. Актуелниот прв човек на Бихаќка целосно изгуби самоконтрола на говорницата, премиерот Христијан Мицкоски го нарече „комплетен идиот“, а на луѓето од Платформата 12.05 им се закани да му се тргнат од патот зашто во спротивно ќе ги прегазел „како шлепер жаба“.