ПЕТ ЛИЦА ИСТОВРЕМЕНО ВРШАТ ДВЕ ФУНКЦИИ Антикорупциска ќе побара да се откажат од една функција ако тие се неспоиви

68

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила дека пет лица истовремено извршуваат две функции, по последната проверка во административната алатка за електронско поднесување изјави за имотна состојба и интереси.

За овие лица ќе бидат оформени предмети, при што по утврдување на фактичката состојба, доколку се утврди дека се работи за неспоиви функции, од нив ќе биде побарано да се откажат од една од функциите што ги извршуваат.






ДКСК ќе иницира прекршочни постапки за прекршок согласно со член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, казнив согласно со член 105 од истиот закон.

По извршената проверка на изданијата на „Службен весник на Република Северна Македонија“ за март 2026 година, како и по увидот во својата евиденција, Антикорупциска утврдила дека вкупно 38 лица, кои во текот на март 2026 година биле избрани, именувани или разрешени од функција, не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК во законски утврдениот рок.

Против овие лица ДКСК ќе иницира постапки за сторен прекршок согласно со член 82 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, казнив согласно со член 109 од истиот закон.

Поврзани содржини