ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО СКОПЈЕ Посебен режим на сообраќај во сабота попладне
Парадата на гордоста претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ луѓето во Македонија.
Парада на гордоста Скопје Прајд 2026 ќе се одржи утре, сабота (20 јуни) под слоганот „Сите нека знаат“.
Парадата на гордоста претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ луѓето во Македонија. Годинава маршот ќе се одржи во услови на засилени општествени и политички предизвици, со порака за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата.
Собирот на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а протестниот марш ќе започне во 19 часот.