67-ГОДИШНИК ВОЗЕЛ ПИЈАН, ПА ЗАВРШИЛ ПРЕВРТЕН НА ПАТОТ Радовишанец тешко повреден во несреќата кај Штип

67-годишен возач од Радовиш е тешко повреден откако неговото возило излетало од коловозот и се превртело на магистралниот пат Неготино–Штип, при што полицијата утврдила дека управувал под дејство на алкохол.

1

67-годишен возач од Радовиш е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Неготино–Штип, откако неговото возило излетало од коловозот и се превртело, соопшти полицијата.

Несреќата е пријавена на 18 јуни 2026 година околу 16:50 часот во СВР Штип, кога патничко возило „опел“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Р. (67) од Радовиш, изгубило контрола и завршило надвор од коловозот.






Од силината на ударот возилото се превртело, а возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

По извршените проверки, полициските службеници утврдиле дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,50 промили алкохол во крвта.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип, а по целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини