СЕКОЈ ПЕТТИ ЕВРОПЕЕЦ СТРАДА ОД МЕНТАЛНА БОЛЕСТ Најмногу луѓе страдаат од депресија, анксиозност и последици од употреба на психотропни супстанции
Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментална болест, при што приближно три четвртини од нив се поврзани со депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања поврзани со употреба на психотропни супстанции, изјави Михаел Милер од ОЕЦД
Секој петти граѓанин на Европска Унија страда од ментална болест, а дури 60 проценти од нив не добиваат соодветна помош. Околу 28.000 предвремени смртни случаи од ментални болести се регистрирани на годишно ниво, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
– Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментална болест, при што приближно три четвртини од нив се поврзани со депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања поврзани со употреба на психотропни супстанции, изјави Михаел Милер од ОЕЦД.
Тој додаде дека сега најверојатно бројките се многу повисоки.
Студијата е спроведена пред пандемијата Ковид-19. Постојат многу индикации дека менталното здравје на многу луѓе е влошено од пандемијата.
Нарушеното ментално здравје ги чини европските економии околу 76 милијарди евра годишно, што е еднакво на околу шест проценти од вкупните трошоци за здравствена заштита.